Времето утре сончево со умерена облачност, попладне можност за краткотрајни поројни дождови – потоа следува затоплување

од desk2
12 прегледи

Времето во земјава утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималните температури ќе се движат од 12 Целзиусови степени (Берово и Маврово) па нагоре, додека дневните ќе изнесуваат од 26 степени (Маврово) до 36 степени во Гевгелија.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Од задутре, следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура, прогнозира УХМР.