Времето викендов ќе биде сончево, во понеделник пад на температурите

од Stefanija Kuzmanovska
154 прегледи

За време на викендот ќе преовладува сончево време со свежи утра и ќе биде потопло преку денот.

Под влијание на влажен бран во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура.

Од вторник повторно се очекува стабилно време со умерен до засилен северен ветер.

Според прогнозата на УХМР, времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе биде во интервалот од 9 до 18 степени Целзиусови, а максималната дневна ќе достигне 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време со температура до 33 степени.

Слични содржини