Според информациите од УХМР, утринските најниски температури, измерени во Берово и Лазарополе изнесуваат пет степени Целзиусови, додека највисоките температури од дванаесет степени се забележани во Скопје-Зајчев Рид и Виница.
Седум степени биле измерени во Маврови Анови, осум степени во Попова Шапка, Крива Паланка, Битола, Тетово, Охрид и Претор, десет степени во Скопје-Петровец, Прилеп, Крушево, Струмица и Демир Капија, и еданаест степени во Куманово, Штип, Гевгелија и Дојран.
Денеска претстои сончево и топло време со мала до умерена облачност претпладне. Попладне, времето ќе стане нестабилно со локални порои на дожд, грмотевици и засилен ветер.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 22 до 30 степени.
Во Скопје не чека сончево и топло време со мала до умерена облачност претпладне. Попладне, во делови од градската котлина ќе биде облачно, со што може да дојде до порои на дожд, грмотевици и засилување на ветерот.
Максималната температура во Скопје ќе достигне 28 степени.