Врховен суд: Капетанот Драган останува во затвор

од desk3
122 прегледи

Врховниот суд на Хрватска ја одбил жалбата на Драган Васиљковиќ, познат како капетан Драган, по неговиот предлог за условна казна.

Во своето образложение, Врховниот суд истакнал дека жалбата не е основана, поради што капетанот Драган ќе продолжи да ја издржува затворската казна, пренесува ХРТ.

Имено, Драган Васиљковиќ е поранешен водач на бунтовничките српски борци во Хрватска и водител на телевизиско шоу во Србија. Тој ја изгуби долгата битка против екстрадицијата од неговата втора татковина, Австралија, и беше осуден за воени злосторства.