Украинскиот парламент на Врховната Рада усвои резолуција со која дејствијата на руските сили во земјата се прогласени за „геноцид“, соопшти украинскиот законодавен дом.
Како што беше објаснето, „сега е јасно дека дејствијата извршени од вооружените сили на Руската Федерација не се само агресија, туку и насочени кон систематско и доследно уништување на украинскиот народ, неговиот посебен идентитет и лишување на нивното право на самостоен развој“.
„Ова бара итно признавање на дејствијата извршени од руските вооружени сили за време на последната фаза од вооружената агресија на Руската Федерација против Украина, која започна на 24 февруари 2022 година, како геноцид врз украинскиот народ“, се вели во соопштението на Врховната Рада, цитирано од CNN.