Врховниот суд пресуди дека Трамп имал ограничен имунитет додека бил претседател

од Milan1
22 прегледи

Американскиот Врховен суд денеска пресуди дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да бара имунитет од гонење за некои од дејствијата што ги презел за време на неговото претседателствување за да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Таа судска одлука најверојатно дополнително ќе го одложи судењето на Трамп по обвиненијата во тој случај, објави Си-Ен-Ен.

Одлуката на Врховниот суд ја поништи пресудата на федералниот апелационен суд во февруари оваа година, според која Трамп не ужива имунитет за наводните злосторства што ги извршил за време на неговото претседателствување за да ги поништи изборните резултати во 2020 година.

Слични содржини