90
Во пресрет на новите протести во Подгорица закажани за вечерва во 19 часот, претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ повика на почитување на уставниот поредок, јавниот ред и мир и решавање на политичките прашања во дражвните институции.
Во Подгорица попладнево се одржува и Сеедница на советот за безбедност, после вчерашните случувања кога полицијата го прекина протестот на Демократскиот фронт пред зградата на Парламентот.
Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи и европски интеграции денеска имаа брифинг со претстваниците на дипломатскиот кор во земјата.Тие укажале дека е неопходно враќање на политиќкиот дијалог во институциите и на важноста со заеднички сили да се смират тензиите и стабилизира состојбата.