Врисоци, истрели, тенкови кои газат луѓе: Исповед за хоророт во Буча

од Nikola Popovski
209 прегледи

Настаните во Буча за време на руската окупација на овој град длабоко ја вознемирија јавноста ширум светот. По повлекувањето на руските војници, на улиците на ова место во близина на Киев беа откриени голем број тела на цивили. Украинските власти ја обвинуваат руската страна за геноцид и воени злосторства, нагласувајќи дека на лице место биле видени сцени од хорор филмови. Гардијан ги пренесува исповедите на жителите на Буча за ужасите што ги доживеале.

„Тоа беше како сцена од филм“, рече Тарас Шевченко.

Во 6 часот наутро на 24 февруари, од прозорецот од кујната на неговиот стан на петтиот кат со поглед на аеродромот Хостомељ на северната периферија на Буча, Шевченко гледал како летаат 20 руски хеликоптери додека падобранците скокнале надвор.

„Се чувствував како да сум во филм, знаете, видов хеликоптери, ги видов лицата на тие падобранци“, додаде тој.

Ова беше моментот кога започна војната за Буча, град во близина на украинската престолнина Киев, која брзо стана синоним за најлошите злосторства за кои украинската страна го обвинува рускиот претседател Владимир Путин.

Настаните што се случија следните денови, рече Шевченко (43), биле незамисливи.

Тенковите газеа луѓе, па дури и се пукаше во постарите кои им се испречија на патот, рече тој.

Руски снајперисти наводно пукале во мажи кои се обидувале да побегнат преку полињара, пренесува Гардијан.

Наводите за силување и убиства на млади девојки, кои допрва треба да бидат проверени од независни извори, ги исплашиле оние што останале во градот.

Сепак, како што изјавиле сведоците, а подоцна на улиците се појавија фотографии од трупови, бројни светски медиуми истакнуваат дека приказните за масовни воени злосторства на руските окупатори во Украина би можеле да бидат вистинити.

Во неделата, украинската армија објави снимки и фотографии од тела кои лежат на улиците, а на некои им биле врзани рацете зад грб. Украинските власти зборуваат за неселективно убивање цивили, а многумина наводно биле застрелани во глава.

Масовни гробници со 280 тела наводно биле пронајдени низ градот, по првичното откритие откако на улица во Буча биле пронајдени 20 тела.

„Сите овие луѓе беа застрелани“, изјавил меѓу другото градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук.

Слични содржини