Кејти Пери и Орландо Блум повторно се најдоа во фокусот на јавноста – овој пат не поради некој заеднички проект или романтичен момент на црвениот тепих, туку поради се погласните шпекулации дека нивната врска се наоѓа пред крај. Според информации кои ги пренесува американскиот таблоид Page Six, односот меѓу поп-ѕвездата и холивудскиот актер бил сериозно нарушен. Неименуван извор близок до двојката тврди дека тие веќе одлучиле да се разделат, но официјалната одлука само се одложува додека не заврши актуелната турнеја на Пери, која трае до декември.
Во последните месеци, притисокот од работните обврски сериозно се одразил врз нивниот приватен живот. Според магазинот People, Кејти Пери била видно потресена поради слабата реакција на нејзиниот нов албум „143“, што довело до чест стрес и несогласувања меѓу неа и Блум.
„Кејти беше навистина фрустрирана од критиките“, открива еден извор. „Иако Орландо се обидуваше да биде поддршка, напнатоста беше неизбежна. Таа беше погодена и од реакциите на публиката за турнејата – сето тоа ја оптовари нивната врска“. Ситуацијата се влошила уште повеќе кога Орландо минатиот месец отпатувал во Мајами, каде што, според шпекулациите, сакал да се оддалечи и да размисли за следните чекори.
Инаку, ова не е првпат парот да се соочи со сериозна криза. Во 2017 година веќе еднаш се разделија, но по една година повторно се споија и во 2019 се верија. Во 2020 година ја добија ќерката Дејзи Дав.
И двајцата во минатото отворено зборувале за предизвиците на нивниот однос. Пери во интервју изјави дека иако имаат силна поврзаност, нивната љубов е бурна и понекогаш исцрпувачка, но полна со страст. Блум, пак, во интервју за списанието Flaunt во 2023 година изјави дека нивните професии се многу различни и дека често се случува да не се разбираат целосно, но затоа секогаш вложуваат во терапија и комуникација.
„Навистина е тешко понекогаш. Но и покрај сè, знаеме дека сме поврзани на посебен начин. Никогаш не е здодевно со нас“, изјави тогаш Блум.
Иако официјална потврда за раскинување сè уште нема, се чини дека познатата двојка се наоѓа пред голема животна раскрсница. Обожавателите со нетрпение го следат секој нивен чекор, надевајќи се дека можеби сепак ќе успеат да ја спасат љубовта која ги обедини уште во 2016 година.