Откако излегоа информации кои ја изненадија јавноста за успешната спортска двојка поради наводниот развод, се појавија нови информации. Во јавноста изгледаше како Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер да уживаат во брачна идила во која добија три деца, но се чини дека на тој период му дојде крајот.
Иако Ана (37) и Бастијан (40) се уште не ги потврдиле гласините за нивниот развод, шпекулациите се многу присутни, а сега во јавноста се обелоденија детали од нивниот повеќемилионски предбрачен договор што парот го потпишал пред нивната венчавка.
Како што е соопштено, Ана го заштитила своето повеќемилионско богатство со предбрачен договор, кој вклучува вреден доживотен договор со „Адидас“ (наводно вреден 100 милиони евра), додека нејзиниот сопруг Бастијан, пензиониран германски фудбалер, ја задржал сопственоста на недвижниот имот што го стекнал пред да се ожени со Ана, пренесе „Глоси“.
Сопружниците се уште не ја потврдиле оваа информација, а се уште се очекува да бидат објавени за целата ситуација која ја заинтригира светската јавност.
Да потсетиме, Ана и Бастијан се заедно од 2014 година, а се венчаа две години подоцна во Венеција, на елегантна церемонија во друштво на семејството и најблиските пријатели. За време на нивниот деветгодишен брак, тие станаа родители на три сина: Лука (7), Леон (4) и најмладиот Тео, кој се роди минатата година.