Според податоците на Националниот институт за статистички и економски студии ИНСЕЕ, се доаѓа до заклучок дека стапката на невработенот во Франција значително се зголеми во последните три месеци од оваа година, па така сега процентот изнесува високи 9.
Во овој изминат период според пресметките на Меѓународното биро за труд, бројката на невработени се зголемила за 628.000 лица и сега изнесува 2,7 милиони лица.
Отпуштањата и невработеноста пак, во Велика Британија достигнаа рекорд во текот на третиот квартал на 2020. година. Па така, според официјалните податоци, кои покажуваат дека пазарот на трудот го забрзал падот пред министерот за финансии Риши Сунак одлучи да донесе нови мерки за ублажување на ефектите од Ковид-19 за да се обезбеди пресврт на овој тренд.
Бројот на отпуштања се зголеми за рекордни 181.000 во рок од три месеци до септември, достигнувајќи историски највисоко ниво од 314.000 работници, соопшти денеска Националното биро за статистика.