Вселенска трка: Пресметка помеѓу двајца милијардери на Твитер

од Nikola Popovski
526 прегледи

Вселенската трка на двајцата најбогати луѓе во светот доби нови димензии вчера откако сопственикот на компанијата „Тесла“, Илон Маск, ги исмеа обидите на Џеф Безос да го оспори неговиот голем договор со НАСА.

Ројтерс објави дека двајцата милијардери, кои се обидуваат да лансираат орбитални ракети со долг дострел, биле конкуренти за договорот со американската влада во врска со изградбата на вселенски брод што ќе превезува астронаути на Месечината, можеби уште во 2024 година.

Маск го доби договорот, а Безос не беше задоволен од ваквиот исход, а неговата компанија „Blue Origin“ во понеделникот се пожали до надлежната владина канцеларија и ја обвини американската вселенска агенција НАСА за промена во условите на натпреварувањето во последен момент.

Маск, кој раководи со аеронаутичката компанија „Спејс Х“, одговори со порака до Безос на Твитер, која тој повеќе не ја објасни.

„Не може да се крене (до орбитата), умирам од смеа“, напишал Маск, наведува агенцијата.

„Blue Origin“ заостанува далеку зад компаниите „Space X“ и „United Lunch Alliance“ (ULA) во орбиталниот транспорт и поради тоа изгуби милијарди долари на американски договори од областа на националната безбедност, чија реализација ќе започне во 2022 година.

Слични содржини