Рускиот вселенски брод „Сојуз “ со тројца астронаути, меѓи кои и првиот дански астронаут, полета од космодромот во Бајконур, Казахстан, кон Меѓународната вселенска станица.

Тројцата членови на бродот се Данецот Андреас Могенсен, Русинот Сергеј Волков и Казахстанецот Ајдин Ајмбетов.
Волков е син на космонаут, кој летал пред 24 години. Ајмбетов доби место на летот откако британската пејачка Сара Брајтман се откажа од летот кон Меѓународната вселенска станица.
Во Меѓународната вселенска станица во моментот се тројца Руси, двајца Американци и еден Јапонец.
Лансирањето на “Бајконур” е јубилеен за ракетите со брендот “Сојуз” и затоа на вселенското игралиште ќе биде нанесена бела ѕвезда, во знакот на традицијата и успешноста дополнува РИА Новости.