И денеска, македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи ќе биде во работна посета на Обединетите Арапски Емирари, каде ќе се сретне со емиратскиот колега, Шеик Абдула бин Зајен Ал Нахјан.
Османи во Абу Дабу денес според агендата ќе се сретне со државниот министер за економска диверзификација и економска дипломатија, Ахмед Али Ал Сајед, како и извршниот директор на Меѓународниот центар за спротивставување на насилниот екстремизам и радикализам Хедаја, Ахмед Ал Касими.
Вчера, на првиот ден од посетата на ОАЕ, Османи престојуваше во Дубаи, каде се сретна со државната министерка за меѓународна соработка Реим бинт Ебрахим Ал Хашеми, која е одговорна за меѓународна, развојна и техничка помош и е главен управен директор на „ЕКСПО 2020 Дубаи“.
Како што соопшти МНР, централна тема на средбата беше учеството на Северна Македонија на „ЕКСПО 2020 Дубаи“, а Османи упати и благодарност за помошта на ОАЕ за справување со пандемијата Ковид-19, што беше доделена на нашето Министерство за здравство во текот на месец ноември минатата година.