Втор ден се трага по исчезнат маж од Ченто

од Nikola Popovski
50 прегледи

Веќе втор ден се трага по исчезнато лице со деменција од Ченто – Скопје, последен пат видено вчера во 13 часот.

Богољуб Митов има 63 години. Според објавата на социјалните мрежи, човекот носел сив џемпер, црни влечки и висок е околу 165цм. Не носел пари и е без мобилен телефон.

Семејството замолува доколку некој го забележи Богољуб, веднаш да го задржи и да се јави во полиција, или пак кај нив на мобилниот број 078 865 670.

Слични содржини