Втор развод во кралското семејство во само една недела: Се разведува внук на кралицата

398 прегледи

Внукот на британската кралица и грофот Сноудон објави дека тој и неговата сопруга се разведуваат, што е втор развод во кралското семејство најавен во последните недела дена.

Шест дена откако внукот на кралицата Елизавета, Питер Филипс, најави дека се разведува од својата сопруга Аутмун, развод најави и грофот Давид Армстронг – Џонс. Портпаролот на грофот, син на покојната принцеза Маргарет, за The Sum рекол дека парот заеднички одлучил дека на нивниот брак му дошол крајот.

https://www.instagram.com/p/BoqgTrfFqwH/

Грофот познат по својата компанија за намештај од врвна класа и неговата сопруга Серена се разведуваат по повеќе од 25 години брак.

Парот се венчал во октомври 1993 година и имаат две деца.

Мајката на грофот Маргарет, сестра на кралицата Елизабета, почина во 2002 година. Тој стана втор гроф Сноудон по смртта на својот татко, познатиот фотограф и гроф Антони Армстронг – Џонс, во 2017 година.

Слични содржини