Втор студентски час: Во тишина за жртвите од трагедијата во Кочани

од Марта Пешевска
100 прегледи

Студентите денеска повторно се собраа пред кампусот на техничките факултети за да оддадат почит на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. За разлика од вчерашниот собир, овојпат немаше говори, ниту присуство на политичари – само седумминутен молк во тишина.

Настанот привлече неколку стотини студенти од различни факултети, кои достоинствено и солидарно изразија сочувство. Иако полицијата не беше присутна, обезбедувањето околу кампусот беше засилено со приватни служби.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС), Александар Николовски, беше меѓу присутните, но одби да даде изјава за медиумите.

Со овој собир, студентите уште еднаш испратија силна порака на сочувство и единство, изразувајќи поддршка за настраданите и нивните семејства.