Втората најдревна професија- најспектакуларните шпионски афери

од desk3
136 прегледи

 

Тоа е другата најдревна професија – шпионажата е стара колку што е човештвото. Со векови наваму тајните агенти набавуваат информации, а понекогаш методите им се најблаго речено, чудни. Еве некои од најспектакуларните афери кои ги пренесува DW:

Легендата Мата Хари

0,,19150985_303,00

Кога ја започнува кариерата на танчерка во Париз, младата Холанѓанка Маргарета Гертруда Зеле е сеуште никому непозната. Потоа, таа се претвора во легендарна шпионка. Во почетокот на 20 век Мата Хари се движи низ високите кругови на француското општество. Затоа Германците ја врбуваат за шпионка. Подоцна истото го прават и Французите. Но ја откриваат двојната нејзина игра и ја осудуваат на смрт.

Семејство Розенберг и атомската бомба

0,,19151115_303,00

Во 50-те години на минатиот век аферата “Розенберг” го дели на две американското општество. Јулиус и Етел Розенберг се обвинети дека и предавале на Москва информации за американската атомска програма. И додека еден дел од Американците ја сакаат нивната смрт, други предупредуваат за опасноста од испаѓање во антикомунистичка хистерија. На крајот двајцата биле егзекутирани.

Шпион во кабинетот на канцеларот

0,,19151050_303,00

Оваа афера ја фрла СРГ во државна криза. Во својство на личен секретар на канцеларот Вили Брант источногерманскиот шпион Гинтер Гијом дал доверливи документи на Државната безбедност на ГДР. Фактот дека шпион на ГДР успеал да навлезе во самиот центар на власта во СРГ, ја шокираше целата земја – и предизвикува оставката на канцеларот Вили Брант.

 

Петорката од Кембриџ

0,,19151033_303,00

Во 1979 година Ентони Блант го предизвикува еден од најгласните шпионски скандали во историјата на Велика Британија. Од неговите сведоштва, станува јасно дека петмина агенти кои одржувале контакти со луѓе од највисоките владејачки средини во земјата, периодично ги снабдувале КГБ со важни информации. Четворица од шпионите се откриени, но идентитетот на петтиот останува тајна и до денес.

Во долна облека и со пиштол в рака

0,,19151340_303,00

Во 2010 година ФБИ стигнува руската шпионка Ана Чепмен. Подоцна таа е разменета за агенти притворени во Русија. Во татковината Чепмен прави кариера како модел и водителка на рекреативни телевизиски програми. А машкото списание “Максим” ја отсликува на корицата во долна облека и со пиштол во раката.

Бугарија: Крајбрежни криминални војни

Господин и госпоѓа Аншлаг

0,,16921788_303,00

Децении “домаќинката” Хајдрун Аншлаг го поминуваат секој вторник на ист начин: со слушалки пред својот предавател, од каде добивала наредби од тајните служби во Москва. Хајдрун и нејзиниот сопруг Андреас кои престојувале во Германија со лажни австриски пасоши, предале на Русите стотици доверливи документи за активностите на ЕУ и НАТО. Во 2013 година двајцата се осудени за шпионажа.

Штраус бил шпион?

0,,19151191_303,00

Децении по смртта политичарот од ЦСУ Франц Јозеф Штраус продолжува да буди интерес: се тврди дека бил агент на американското воено разузнавање OSS, претходник на денешното ЦИА. Овие обвинувања се содржат во научна студија на германскиот Центар за политичка просвета, овластена по повод 100-годишнината од раѓањето на Штраус. Заклучоците во ова истражување остануваат сепак спорни.

Шпионирање 2.0

0,,19151205_303,00

Додека во годините на Студената војна страв предизвикуваат двојните агенти, денес скандалите се поврзани главно со методите за прислушување на тајните служби. Покрај откритијата на Едвард Сноуден светот дозна како САД и некои други земји ги контролираат глобалните телекомуникации и интернет и така си обезбедуваат пристап до личните податоци на милиони јузери.