Понеделник и вторник се последните денови кога Апелациониот суд во Скопје се очекува да се изјасни во однос на затворската казна и условниот отпуст на новинарот Томислав Кежаровски- дали тој останува на слобода или мора да ги одлежи трите преостанати месеци?-информира Фокус.

Откако апелација му ја намали првичната казна од четири и пол години на две, на Кежаровски, откако му се пресмета притворот, му останаа уште само три месеци за одлежување. Но, тој поднесе барање за условен отпуст со оглед дека 90 отсто од казната му е истечена, а првостепениот суд позитивно одговори на неговото барање. Сепак, тоа не беше прифатливо за Јавното обвинителство кое поднесе жалба до повисокиот суд на одлуката за условен отпуст.
Практично, сега таквата одлука за условен отпуст не е правосилна, а за да има такво дејство, повисокиот суд ќе мора да се изјасни во првите два дена од наредната работна седмица.
Пивеќе ТУКА