Второлигашот за кого игра Македонец влезе во финалето на Купот, па се закани со бојкот поради навивачите

од Симе Стоиков
153 прегледи

Полскиот второлигаш Висла Краков се закани дека ќе го бојкотира финалето на Купот доколку нивните навивачи добијат забрана за доаѓање во Варшава.

Висла стигна до финалето со победата од 2-1 над прволигашот Пјаст Гливице во средата, но прославите беа засенети од забраната за навивачите на клубот од Краков.

Имено, за фрлање ракети на теренот при поразот во минатогодишното издание на Купот од Мотор Лублин, Висла беше казнета со забрана на навивачите да присуствуваат на три гостувања.

Висла оваа сезона одигра пет натпревари на домашен терен за да стигне до финалето и се уште нема отслужено ниту еден меч казна, а пред нив е финалето на 2 мај против Погон Шчечин во Варшава.

„Висла Краков нема да игра во финалето на Националниот стадион доколку нашите навивачи не се појават на трибините. Ако организаторите не можат да обезбедат безбедност, што би било штета, тогаш да го играме натпреварот во Краков, Шчечин или некое трето место“, објави претседателот на клубот Јарослав Кролевски.

Од клубот соопштија дека поднеле жалба до Фудбалскиот сојуз на Полска (ПЗПН).

„Висла Краков достави барање до ПЗПН за суспензија на забраната за патување на организирани групи навивачи изречена на клубот по натпреварот од полскиот куп одигран во Лублин“, се вели во соопштението.

За потсетување цлен на овој клуб е македонскиот интернационалец Енис Фазлагиќ

Слични содржини