Денес второобвинетиот Александар Гочев кој се товари за кривично дело „измама“ во случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница во Основниот кривичен суд призна вина.
На почетокот Гочев побара судењето да биде одложено поради отсуство на неговата одбрана рече дека вината не ја негирал и пред да почне судењето.
Судијката која го води процесот Фанка Јанчулева Михаиловска, одлучи кривичната постапка за Гочев да биде одвоена со цел второобвинетиот да може да ја даде изјавата во присуство на бранител.
Рочиштето за Гочев ќе се одржи на 21 февруари.
Првообвинетата Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која се товари за “злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“, рекоа дека не се чувствуваат виновно со што судењето против нив продолжува.