Вучевиќ доаѓа во Македонија: Ќе биде потпишан меморандум за соработка во енергетиката

од Илинка Илиоска
43 прегледи

Српскиот премиер, Милош Вучевиќ, денес ќе ја посети Северна Македонија, придружуван од владина делегација. Домаќин на Вучевиќ ќе биде премиерот Христијан Мицкоски.

За време на посетата, двајцата премиери ќе имаат тет-а-тет состанок, по што ќе се одржи пленарна седница со двете делегации. На овие состаноци ќе следи потпишување на меморандум за соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Северна Македонија и Министерството за рударство и енергетика на Србија.

Посетата ќе заврши со заедничка прес-конференција на Мицкоски и Вучевиќ. Покрај ова, Вучевиќ планира да се сретне и со претставници на српските здруженија, културни друштва, политички партии и српски компании кои делуваат во Северна Македонија.

Слични содржини