Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека сега е сосема јасно оти мора да се формира Заедница на српски општини, но посочи дека ќе биде тешко.
Вучиќ рече дека ѝ е благодарен на американската делегација која при посетата на Приштина инсистирала на имплементација на договорените договори.
Тој пред новинарите по доделувањето на наградите за најдобра фотографија изјави дека вчера со американската делегација разговарал и за таканаречениот француско-германски предлог.
„Укажавме на она што го одговоривме во нашиот нон-пејпер, кои се нашите црвени линии. Разговаравме и за ЗСО. Очекуваме и ви благодариме што делегацијата на САД инсистираше да се спроведе договорот, а ние очекуваме голема средба на 20-ти со Лајчак. Ќе видиме како ќе изгледа тоа“, навел Вучиќ.