Вучиќ: Народот на Косово знае дека 17. март 2004 нема да се повтори

од Nikola Popovski
172 прегледи

Претседателот на Србија и Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ на конгресот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) изјави дека оваа партија и СНС се едно во заштитата на интересите на Србија, нагласувајќи дека „мора да ја спасат земјата“.

Вучиќ истакнал дека западните партнери на Србија тврдат дека Приштина ја деескалирала ситуацијата, иако „припадниците на косовските безбедносни сили се појавиле со долги цевки и многу Срби беа уапсени“.

Тој изјавил дека „сакаат Србите да ја дадат Србија на тацна, но дека за ништо нема да му ја дадат на светот бидејќи земјата е на српскиот народ“.

Тој посочил дека „мора да бидат уште помудри и посилни и што е можно пообединети, поради што смета на СПС“.

„Народот на Косово знае дека 17 март 2004 година нема да се повтори“, потенцирал Вучиќ и нагласил дека Србија ја почитува Босна и Херцеговина, но ќе се грижи за Србите.

Слични содржини