Вучиќ: Приштина конечно да почне да ги исполнува своите обврски

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Париз разговараше со шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за актуелната ситуација на Косово, европскиот пат на Србија и усогласувањето на надворешната политика на Србија со ЕУ.

„Истакнав дека од најголема важност е европските институции и земјите-членки на ЕУ да останат цврсти на ставот дека Приштина конечно треба да почне да ги исполнува своите обврски, кои, пред сè, се однесуваат на формирањето на Заедницата на српските општини, со што во пракса би ја покажале нивната наводна посветеност за продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени прашања“, наведе Вучиќ.

Претседателот на Србија, кој е во дводневна посета на Париз каде што присуствува на мировниот форум, имаше работен ручек со Лајчак и Борел.

Слични содржини