Вучиќ призна за кого навивал на натпреварот помеѓу Јапонија и Хрватска

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Хрватската фудбалска репрезентација ја елиминира Јапонија во осминафиналето на Светското првенство по подобро изведување на пенали. Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 1:1, а по продолженијата Хрватска победи со 3:1.

Тој натпревар се одигра завчера, а за новинарот на хрватската телевизија Нова го коментираше српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција одржана во Тирана по завршувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан.

„Иако навивав за Јапонија, ѝ честитам на Хрватска што продолжи понатаму“, кратко изјави Вучиќ.

На прашањето дали ќе му честита на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за пласманот на Хрватска во четвртфиналето, Вучиќ рече:

„На Пленковиќ не можам. Ако не дозволува некој да положи цвеќе во Јасеновац, не можам да му честитам“.

Слични содржини