166
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска на маргините на 59-та Минхенска безбедносна конференција се сретна со претседателот на Република Франција, Емануел Макрон и со канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.
„Сериозна и коректна средба со најодговорните луѓе на ЕУ за процесот на дијалог со Приштина, француско-германскиот план и нашите билатерални односи“, беше соопштено на официјалниот Инстаграм профил на Вучиќ.
Вучиќ претходно на маргините на конференцијата се сретна со претседателот на владата на Грција, Киријакос Мицотакис и со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.