194
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ свика седница на Советот за национална безбедност, потврди Танјуг.
Седницата е закажана за утре, во 10 часот.
Српската листа, во врска со заканите на Албин Курти дека на 1 ноември ќе почне да запленува имот на српски државјани и возила со српски регистарски таблички, побара итна средба со Вучиќ.
Претседателот утре ќе се сретне со претставници на Србите од Косово и Метохија.
Средбата ќе се одржи во 9:00 часот, во Палатата Србија, а по дискусијата прес-службата на претседателот на Републиката ги соопшти планираните изјави за медиумите.