Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Абу Даби најави дека во рок од 48 часа Србија ќе го потпише првиот договор со ОАЕ за купување на нивните дронови „самоубици“, кои многу брзо ќе пристигнат во Србија.
„Тоа се дронови самоубици и тие ќе бидат на територијата на Србија, а исто така се надеваме дека во следните пет или шест месеци ќе можеме да ги имаме првите српски дронови самоубици во српската армија“, изјави Вучиќ за новинарите во Меѓународниот Саем за оружје и воена опрема „IDEX 2023“ во Абу Даби.
Тој посочи дека „армијата не е играчка“ и дека тоа е комплициран процес и дека процедурите за добивање ново оружје во српските вооружени сили се долги.