„Србија бара повлекување на косовските полициски трупи од северот на Косово, ситуацијата да се врати како претходно, а потоа да отидеме во Брисел да разговараме за се, и ако е можно да се договориме“, рече Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност.
Вучиќ, исто така, рече дека го отфрлил предлогот што го добил вчера од ЕУ, бидејќи треба да изгледа, како што рече, „наводно компромисно решение“. Според предлогот, објасни тој, Албанците ќе се откажат од 70 проценти од она што имале намера да го направат на административна линија, но ќе воведат 20 до 30 проценти од новите мерки.
„Го отфрлив затоа што сум уморен од политиката на свршен чин, не можете така да разговарате со Србија“, рече тој.
Вучиќ посочи дека шестиот упад на северот на Косово се случил вчера, со употреба на оклопни транспортери, долги цевки и, како што наведе, малтретирање на локалното население без да се известат градоначалниците на четири општини со српско мнозинство.
„Единствено решение е повлекување, бараме повлекување на сите војници, а потоа да одиме во Брисел да разговараме за се, и ако е можно да се договориме“, рече претседателот на Србија.
Додаде дека Советот за национална безбедност бара итен одговор од ЕУ дали Бриселскиот договор постои во правна смисла или не, и кога ќе се формира Заедницата на српски општини, бидејќи, како што посочи, тоа е јадрото на тој договор.
„Ќе бараме одговор еден месец, а нивното молчење ќе ни биде јасен одговор дека Бриселскиот договор повеќе не постои“, изјави Вучиќ.