331
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес го претстави новиот пакет помош што државата го обезбеди за пензионерите. Секој пензионер ќе добие витамин Ц, витамин Д и цинк.
Претседателот преку Инстаграм им се обрати на најстарите граѓани, им се заблагодари за сè што направија за земјата и го презентираше пакетот со витамини кои ќе го зајакнат нивниот имунитет.
– Почитувани пензионери, ова е првиот примерок на торба со содржината на она што треба да го добиете како дополнителен подарок од вашата земја. Ова е уште еден мал знак на внимание за сè што сте направиле и за сè што ни оставивте. Денес мора да ги следиме вашите стапки и да ја направиме Србија уште подобро место за живеење – рече Вучиќ.
View this post on Instagram