Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на Светскиот економски форум во Давос, објави Вучиќ на својот Инстаграм профил.
„Одлична можност да разговараме за билатерални прашања со Дритан Абазовиќ за време на Светскиот економски форум, но уште еднаш да го поканиме да ни се придружи на состанокот на иницијативата Отворен Балкан во Охрид“, напиша Вучиќ.
Тоа беше прва средба меѓу двајцата официјални лица откако Абазовиќ стана премиер.
Следниот состанок на регионалната економска иницијатива „Отворен Балкан“, чиј дел се Србија, Албанија и Северна Македонија, ќе се одржи на 7 и 8 јуни во Охрид.