Вучиќ и оваа година ја заврши со „државен удар и прислушување“

од Nikola Popovski
162 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека бил прислушуван, и „дека тоа го правеле домашни служби, а надлежните органи ќе утврдат дали се поврзани со странци“, истакнувајќи дека прислушувањето на претседателот на државата е обид за директен удар.

„Имале само една цел, тоа е Александар Вучиќ и сите што се осмелуваат јавно да го поддржат“, рекол Вучиќ за ТВ Пинк и посочил дека од 2014 година трае кампања во која од неговото семејство се обидува да се направи копија со семејството на Слободан Милошевиќ.

„Сè што е тука се заснова на апсолутни лаги – тие започнаа со приказни дека мојот брат е сопственик на ресторанот Франш, дека тој поседува хектар земја во Војводина, а потоа започнаа со постариот син“, потсетиl тој и додаl:

„Срцето ме боли за тоа што им го направив на Данило и Милица, за тоа што работам во политиката, за тоа што станаа мета на службите“, вели Вучиќ, кој тврди дека Данило го следеле луѓе од полицијата и пријавиле во одредени служби.

„Потоа дојдовме до „Јовањица“ во која беа вклучени луѓе од државата, а тоа ќе го проценат надлежните државни органи. Одредени извори веднаш рекоа, за да го свртат вниманието од нивната одговорност: „Еј, кажи дека беше во врска со Андреј“. Два дена се обидуваат да направат херои од полицијата, а ќе видиме на вистинскиот полиграф и со вистински прашања од полиграф“, заклучи Вучиќ.

Слични содржини