173
Синоќа во Париз, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им посочи на државните службеници дека ако сакаат да бидат во „неговиот воз“, не треба да има спиење и слободен викенд.
Причината за тоа е, посочува тој, дека Србија мора да го забрза својот напредок.
„Ако сакате да спиете, тогаш одете на друго место, одете по опозициските медиуми и зборувајте најлошо за мене, тие ќе ве прослават … Не ме интересираат избори, јас сум заинтересиран за напредокот на Србија. Или сте тука, или сте се качиле на тој воз што носи промени во нашата земја или излезете од возот, па чекајте го Годо и надевајте се дека ќе срушите некого на изборите во 2022 година“, заклучи Вучиќ.