Вучиќ: Имаме доволно вакцини, наскоро граѓаните од регионот ќе може да се вакцинираат кај нас

од Andreja Salpe
336 прегледи

Граѓаните од регионот наскоро ќе може да се вакцинираат во Србија, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.

Објасни дека наскоро ќе им биде овозможено на граѓаните на Македонија, Црна Гора и БиХ да се вакцинираат во Србија против коронавирусот.

„Србија има доволно вакцини. Наскоро ќе им овозможиме на сите граѓани на БиХ, Црна Гора и Македонија да можат да дојдат во Србија и да се вакцинираат“, рече Вучиќ.

Србија има доволно вакцини за разлика од другите земји од регионот.  Во Србиај претходно примија вакцина над 23.000 луѓе од регионот, меѓу кои и голем број Македонци. Србија веќе почна со производство на руската вакцина Спутник В. 

Слични содржини