Вучиќ: Интересите на Србија се црвени линии околу кои нема компромис

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска објави видео со краток преглед на минатонеделните активности и рече дека во време на општи поделби и закани, интересите на Србија и на српскиот народ се основните и единствени црвени линии околу кои никогаш нема да има компромиси.

„Ова беше и недела во која уште еднаш потврдивме дека членството на Србија во ЕУ е наша стратешка определба и дека работиме на тој пат со цел подобар живот за граѓаните на Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Претседателот истакна дека Србија гради добри односи и со Истокот и со Западот, со сите во светот со кои споделува заедничка желба за мир, стабилност и напредок.

Слични содржини