Вучиќ ја прими третата доза од вакцината против коронавирус

од Vladimir Zorba
1,7K прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска прими „бустер“ доза од вакцината против коронавирус на саемот во Белград.

Зоран Бекиќ, директор на Здравствениот дом „Савски венац“, кој е задолжен за Белградскиот саем, го пречекал претседателот на пунктот за вакцинација, а Вучиќ, како што налага протоколот пред вакцинацијата, потоа разговарал со специјалистот по општа медицина, д-р. Снежана Калабиќ.

– Би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на нашите медицински сестри, лекари, на целиот персонал што се бори против коронавирусот, на оние кои го организираа сето ова за да се работи вака. Ги молам луѓето да се вакцинираат – рече претседателот на Србија.

Вучиќ првата доза од кинеската вакцина Синофарм ја прими на 6 април во Рудна глава, кај Мајданпек, а втората доза на 27 април во Пуковац кај Дољевац.

Слични содржини