Како што рече претседателот Вучиќ, Кризниот и епидемиолошки штаб ќе донесе нови мерки утре, и дека тоа веројатно ќе биде заострување на мерките, но без воведување на полициски час, пренесе „Курир“.

„Ќе има заострување на мерките за Белград. Со оглед на тежината на ситуацијата во која се наоѓаме, имав предвид вонредна состојба. Мерките ќе бидат заострени, но нема да има полициски час. Не сум за тоа, но ќе ги послушам моите колеги. Ќе го почитувам нивното мислење. После сето она што се случи синоќа, се срамав да отстапам од моите зборови и тешко ми е да го одлучам тоа, но ќе ги слушам експертите“, рече Вучиќ.
„Кризниот штаб и Ана и Лончар ќе донесат одлука да нема полициски час“, рече Вучиќ и повтори дека тој е против тоа и дека тој смета дека единствениот спас е забрана за движење.
– Тие ќе ве информираат утре за мерките, за скратување на работното време на клубовите и други работи и заострување на казнувањето за неносење маски.
– Реков дека ќе го почитувам мислењето на стручњаците и го прифатив после сè од синоќа, за мене би било срамно да отстапам од моите зборови под притисок на насилниците“, рече Вучиќ.
Тој исто така напомена дека најтешките работи се случуваат после четири или пет дена, па јасно е дека нема никаква врска со изборите или натпреварите, туку со недоволната одговорност и недисциплина.