Вучиќ: Курти реши да ги нападне Србите

од Берта Китинска
219 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека го прекршил Бриселскиот договор со смена на судијката Билјана Стевановиќ и со подготовка за смена на српските команданти и полицајци и оти „сака да го прекрши мир“.

„Курти реши да ја нападне Србија, Курти го прекрши бриселскиот договор и според неговата волја и волјата на оние кои го штитат, бриселскиот договор повеќе не постои“, изјави Вучиќ во видео на Инстаграм.

„По налог на Албин Курти, српската судијка Билјана Стевановиќ е отстранета од косовските институции“, изјави тој. Тој додаде дека „разрешувањето на сите српски команданти и полицајци кои биле на седницата на Советот за национална безбедност во Белград било подготвено за денеска. „Тој е тој што сака да го нападне српскиот народ со сите овие одлуки каде и да живее, и на југ и на север на Косово и Метохија“, рече Вучиќ.

Слични содржини