Вучиќ на Инстаграм го честиташе роденденот на неговата мајка Ангелина (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на Инстаграм ѝ го честиташе роденденот на неговата мајка Ангелина и се извини што никогаш немал доволно време за неа и ги повика сите луѓе да не ја прават истата грешка.

„Покрај честитките, сакам да ѝ се извинам што никогаш немав доволно време за неа, што никогаш не можев да покажам толку многу љубов што таа несебично ја даваше кон мене и мојот брат, и да ги замолам сите луѓе да не ги прават грешките што ги направив кон моите родители и поради кои се каам денес“, напиша Вучиќ.

Слични содржини