583
Ако полицијата го штитеше муралот на Ратко Младиќ, тој немаше да биде уништен. Полицијата ги заштити граѓаните од меѓусебен конфликтот, го заштити јавниот ред и мир и постапи професионално, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
– Зошто порано не го уништија муралот, затоа што сакаа некој да истепа некого и да направат циркус од тоа. Тие што се демек против воените злосторници објавуваат големо интервју со Насер Ориќ, имате и мурал од Праљак во земја членка на ЕУ, него никој не го уништува, изјави Вучиќ.