Никогаш не сум пукал со снајпер по Сараево, но не можам да одговорам на таа глупост, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за сараевска ТВ ФЕЈС.
Тој посочи дека има променето одредени ставови од пред триесет години, додавајќи дека „нормално е човек да учи и да се менува, бидејќи само магарето не се менува“:
„Ги добивам овие пораки дека сум користел снајпер за да убивам луѓе по Сараево, но јас никогаш не сум земал снајпер во моите раце. Ја слушам таа глупост и не одговарам. Не одговарам на тоа, затоа што никогаш нема да им докажете ништо на злонамерните луѓе, а јас нема и не сакам да се правдам! Оставете ги тие приказни! Само магарето не се менува! Ја сменив и политичката партија, му реков сè на мојот народ, не сум виновен за ништо! Не ме мешајте во приказни од пред 20 години, во кои некои сè уште сакаат да живеат“, изјави Вучиќ.