Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера и денеска претседаваше со седниците на Советот за национална безбедност, по што вечерва соопшти дека Србија нема да се приклучи на санкциите на ЕУ кон Русија.
„Република Србија искрено жали за се што се случува во Источна Европа. И украинскиот и рускиот народ се пријателски настроени кон нас. Еден од основните принципи на надворешната политика на Србија е доследно почитување на неповредливоста на суверените држави, за што се залага Србија.
Србија дава целосна поддршка за територијалниот интегритет на Украина, но Србија ќе се води исклучиво од своите интереси кога одлучува за усвојување рестриктивни мерки и санкции против која било земја, вклучително и Русија“, рече Вучиќ, објаснувајќи дека Србија нема да воведува санкции кон Русија.
„Србија го почитува меѓународното право, но и Србија добро ги разбира своите потреби, и без разлика што некој би сакал, доколку не му припаѓа на државниот врв, Србија има свои витални национални и државни интереси, но има традиционални пријателства и не заборава на 1999 или 2015 година“, додаде српскиот претседател и потенцира:
„Ги повикувам граѓаните на Србија да имаат една страна, а таа страна е Србија“.