Претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави дека стапката на раст во првите шест месеци од оваа година е 7,5 проценти.
„Стапката на раст во првата половина на 2021 година е 7,5 проценти“, рече Вучиќ за Танјуг.
Тој им честиташе на сите граѓани на Србија, додавајќи дека по лоша, но многу подобра година во однос на сите други европски земји, оваа година Србија продолжува да расте со најбрзо и најсилно можно темпо.
Вучиќ посочи дека тоа значи дека проекциите за стапката на раст оваа година сигурно ќе се исполнат, не за шест проценти, туку и за 6,5 проценти, а можеби и седум проценти до крајот на годината.
„Тоа значи повисоки плати, пензии, многу нови работни места, тоа значи дека Србија забрзано се приближува до најразвиените земји во Европа. Ви благодарам за се, за поддршката “, рече Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм.