Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва од Париз зборуваше за снабдување со вакцините, откако пред неколку дена се огласи во тренерка и им соопшти на граѓаните на Србија дека пристигнуваат уште милион вакцини против коронавирус.
– Им се извинувам на луѓето што бев облечен така, не мислев дека ќе излезе на телевизија, но сите го пуштија тоа. Јас бев многу среќен. Ќе имаме договори за 11 милиони вакцини. Колку земји имаат договори, па нема вакцина, а ние веќе ги вакцинираме луѓето во Србија. Спасуваме животи секој ден. Секоја вакцина е поважна од ракетите – рече Вучиќ.
– Први сме според стапката на раст во Европа, втори по бројот на вакцинирани! Ние сме на врвот на Европа, но мора да го забрзаме растот! Ние мора да ги вакцинираме луѓето за да се вратиме на работата! Ние мора да работиме, цела Европа и целиот свет е во неволја. Секој мора да биде ангажиран да работи и за време на викендите, а не да доаѓа кај мене со барања. Мораме да работиме ако сакаме да одиме напред – рече Вучиќ.