Вучиќ од Прага: „Не разговарав со Пленковиќ иако тој се обидуваше нешто“

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Европската комисија донесе одлука со која сме изземени од увоз на нафта, а потоа на предлог на Хрватска и уште две други членки беше донесена таква одлука, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Одев во посебни простории, се сретнав и со Милош Земан, но и со други претседатели и премиери на држави“, изјави Вучиќ пред новинарите на состанокот на врвот на европската политичка заедница и на неформалниот состанок на Европскиот совет во Прага, пренесува Blic.rs.

Тој навел дека не разговарал со хрватскиот премиер Пленковиќ, иако „тој се обидувал нешто“.

– Не приоѓав на масата каде што некој разговара за мирот на две земји. Мислам дека е непристојно тоа да се прави – одговори Вучиќ на прашањето за видеото на кое е снимен како стои сам.

Тој рекол дека Хрватска се изземала себеси, но и си давала право Србија да не биде изземена од увозот на нафта.

„Европската комисија донесе одлука од која сме ние изземени, а потоа на предлог на Хрватска и уште две членки беше донесена оваа одлука“ рече тој.

Слични содржини