276
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во средата вечерта зборуваше за актуелните политички и безбедносни предизвици за земјата, а се осврна и на ситуацијата со војната во Украина.
Тој накратко опиша што до сега има добиено Владимир Путин во војната во Украина, а потоа нагласи дека потоа следи пекол.
„Знам што не чека. Во моментот кога Владимир Путин ќе ги заврши работите во Северск, Бахмут и Соледар, потоа на втората линија Славјанск-Краматорск-Авдеевка, ќе следи неговата понуда. Ако Западот не ја прифати понудата, одиме во пеколот, а нема да ја прифатат“, рече тој во гостувањето на ТВ Пинк.
Вучиќ ја искористи приликата да каже дека цел свет преку Украина војува со Русија.