Вучиќ по средбата со Лавров: „Ова беше најотворениот и најискрениот разговор досега“

од Vladimir Zorba
778 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во Претседателството на Србија се сретна со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, кој пристигна во Србија непосредно пред состанокот.

Вучиќ по средбата рече дека Србија е горда што има одлични односи со Русија.

– Му се заблагодарив и на рускиот претседател Владимир Путин за ангажманот – рече Вучиќ.

Исто така, претседателот на Србија и се заблагодари на Русија за зачувувањето на нејзиниот територијален интегритет, за добрата политичка соработка, но и за изградбата на гасоводот.

– Многу сум горд што можам да кажам дека имаме многу добри односи со Руската Федерација. Задоволни сме од развојот на нашите билатерални односи – рече Вучиќ.

Српскиот претседател вели дека ја изразил својата желба и надеж да се сретне со рускиот лидер до крајот на годината.

– Ова беше најотворениот и најискрениот разговор досега, иако го познавам г -дин Лавров многу години – рече Вучиќ и додаде: „Србија ќе остане воено неутрална земја“.

Слични содржини