Вучиќ: Подготвени сме да го победиме коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
137 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им порача на граѓаните денес дека Србија е „целосно подготвена да го порази коронавирусот“ и дека во моментот располага со доволно медицинска опрема и апарати.


Тој на Инстаграм објави неколку фотографии од магацин во кој се наоѓаше медицинска опрема што Србија, преку донации и набавки, ги стави на располагање на здравствениот систем за борба против коронавирусот

– Магацините со нашите медицински помагала и медицинската опрема се пакуваат во моментот. Целосно сме подготвени да го победиме Ковид-19. Да живее Србија – напиша Вучиќ.