Вучиќ повторно побара од ЕУ да каже со што се отруени членовите на ЦИК

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно ја запраша портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчиќ дали може да каже со кој отров се затруени членовите на ЦИК во Приштина и додаде дека му е жал што со такви важни прашања ЕУ не се занимава, а ни специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Метју Палмер.

Вучиќ на својот Твитер-профил потсетил дека поминало три недели од случајот со труење на членовите на ЦИК во Косово и повторил дека додека е жив нема да се откаже од потрагата по одговорот на тоа важно прашање.